Турски „Текнопанел“ ќе инвестира 20 милиони евра и ќе отвори 120 вработувања во ТИРЗ Скопје 1

109

Инвестиција вредна 20 милиони евра која треба да отвори 120 работни места, вака денеска е најавен новиот производствен капацитет на турската високотехнолошка компанија „Текнопанел“ што ќе се гради во ТИРЗ Скопје 1.

Договорот за инвестицијата го потпишаа премиерот Димитар Ковачевски, директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Јован Деспотовски и Орхан Кахвеџи, сопственик и член на Управниот одбор на „Текнопанел“.

Како што беше речено, во новиот капацитет со површина од 54.000 метри квадратни, ќе се произведуваат најсовремени сендвич панели.

Ова е прв капацитет на компанијата надвор од Турција и според инвестицискиот план, се очекува вкупниот извоз за десет години да надмине 170 милиони евра.