Турски Yıldız Holding ја презема британската фабрика за колачи и бисквити United Biscuits

74

kolacinja i biskviti

Турскиот Yıldız Holding соопшти дека ја презема британската фабрика за колачи United Biscuits од групацијата Blackstone и PAI Partners, со што стана третиот најголем светски производител на бисквити во светот, пишува Хуријет.

“Yıldız Holding ќе го имплементира истиот независен модел на управување во United Biscuits, како што го направи во компанијата Godiva, што ја презеде во 2007 година“, стои во соопштението на Yıldız Holding.

Од компанијата истакнуваат дека конечно е потпишан договорот со британскиот гигант по натпреварувањето со американската Kellogg и канадската Ontario Teachers, што беше преземена од британската British Burton минатата година.

Компанијата не откри детали за финансиската аквизиција, но акционерите на британската компанија беа близу до потпишување на договор за продажба на United Biscuits за над две милијарди долари, вклучувајќи ги долговите на компанијата.

“Yıldız Holding ќе ја зајакне својата позиција на пазарот на бисквити со ова преземање и ќе го продолжи растот со нови производни капацитети, пазари, канали на дистрибуција и производи“, стои во соопштението на Yıldız Holding.

United Biscuits е компанија со 184-годишна традиција со 14 производни капацитети во светот, вклучувајќи 11 во Европа и по една во Нигерија, Саудиска Арабија и Индија.