Турскиот чај најбаран во Германија

174

Во првите осум месеци од 2018 Германија увезла дури 128 тони турски чај, пишува Hurriyet Daily.

Турција од извезениот чај во Германија од јануари до август заработила 770.000 долари. По Германија најголем увозник на турски чај е Северен Кипар од каде што заработката била 634.000, а трети се САД со 576.000 долари.

Вкупно, Турција испорачала околу 1.439 тони од својот познат чај во 96 земји, во вредност од 5,7 милиони долари.

За големиот извоз на чај многу придонел туризмот како и добрата промоција и препознатливоста на брендот надвор од границите на земјата.