Турскиот електричен автомобил ќе започне да го освојува европскиот пазар од Германија

102

Првите модели на турското домашно и целосно електрично возило, произведени од Турската автомобилска претпријатие групација (TOGG), ќе излезат од производните линии на крајот од 2022 година, а потоа ќе бидат пласирани на пазарот, рече извршниот директор на компанијата Гурџан Каракаш.

Во интервју за германските медиуми, тој рече дека откако ќе започне продажбата на домашниот пазар, возилата прво ќе влезат на германскиот пазар за околу година и пол, а потоа ќе бидат достапни и на другите европски пазари.

Каракаш го објави ова во интервјуто за Automobilwoche. Весникот забележува дека сè повеќе се пишува за TOGG во европскиот печат.

Германскиот магазин нагласува дека TOGG има амбициозни планови и се подготвува за големо натпреварување. Тој посочува дека TOGG е основан во партнерство со највлијателните компании во секторот во Турција, со заедничко вложување од три милијарди евра (3,6 милијарди долари).