Турскиот претседател оствари средба со Илон Маск – за што разговараа

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган оствари видео конференциска средба со основачотна Tesla и SpaceX, Илон Маск, јавува Anadolu Agency (AA).

Според соопштението од Канцеларијата за комуникации на турскиот претседател, двајцата разговарал за начините за соработка со институциите на турскиот јавен и приватниот сектор во различни области, особено сателитската и вселенската технологија.

Тие, исто така, разговараа за електричните автономни возила и прашањата за дигиталната економија, како и за долгорочните инвестиции и чекорите за подобрување на постоечката соработка. Ердоган и Маск разговараа и за заедничките чекори што би можеле да се преземат за литиумските батерии на првиот турски електричен автомобил TOGG.

Откако Турција го лансираше сателитот TURKSAT 5-A во вселената во јануари во соработка со SpaceX, се разговараше и за процесот на лансирање на сателитот TURKSAT 5-B во вселената. За време на разговорите, Ердоган го привлече вниманието и на другите активности што Турција ги спроведува во рамките на Националната вселенска програма. Турција планира да испрати мисија на Месечината како дел од нејзината амбициозна Национална вселенска програма за 2023 година.