Турските акции и обврзници паѓаат поради ескалацијата на протестите во земјата

Турските акции и обврзници паѓаат трет ден по ред откако апсењето на градоначалникот на Истанбул и опозициски политичар Екрем Имамоглу, главен ривал на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, предизвика протести во земјата.

Каматите на кредитите преку ноќ се зголемени на 46 отсто, а лирата продолжи да паѓа во однос на доларот, пренесува Ројтерс.

Трошоците за осигурување на долгот на Турција од неисполнување на обврските се зголемија за 18 базични поени (bps) на 322 bps и сега се највисоки од март 2024 година, покажаа податоците на S&P Global.