Турските бизниси обезбедуваат 700.000 работни места во земјите на ЕУ

12

turcijaФирмите во турска сопственост во Европската унија остваруваат приход над 50 милијарди евра и обезбедуваат 700.000 работни места, изјави министерот за европски прашања, Мевлут Чавушоглу, пренесува Заман.

Говорејќи на турско – романскиот форум за инвестиции и трговија што вчера се одржа во Анкара, Чавушоглу изјави дека трговската размена меѓу двете земји би достигнала 10 милијарди долари ако се релаксираат визните рестрикции за турските бизнисмени.

Романскиот претседател Трајан Басеску ги повика турските бизнисмени да инвестираат во Романија во инфраструктурата и енергетскиот сектор, посочувајќи ги како интересни и термалниот туризам и секторот за здравје и нега.

Турција е петти трговски партнер на Романија и билатералниот волумен на размена е преку четири милијарди годишно. Од друга страна, со своите инвестиции, Турците се рангирани на 16-то место во Романија.