Турските нафтоводи неоштетени по земјотресот

101

Во разорниот земјотрес утринава во Турција, нема оштетувања на нафтоводот Киркук-Џејхан кој ја пренесува нафтата од Ирак во Турција.

Нема оштетувања ниту на нафтоводот Баку-Тбилиси-Џејхан, каде сите нафтоводи функционираат непречено, изјави турски претставник.

Сепак, операциите на нафтениот терминал Џејхан во јужна Турција се прекинати, соопшти Агенцијата за нафтен транспорт Трибека, додавајќи дека во тек е итен состанок на терминалот во источниот Медитеран, на околу 155 километри од епицентарот на земјотресот, пренесува Ројтерс.

Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја погоди јужна Турција и северозападна Сирија и однесе скоро 1.000 животи.

Стотици луѓе беа повредени, а голем број станбени згради беа во урнатини, поради што голем број граѓани останаа на улиците изложени на екстремно ниски, зимски температури.