Турското наоѓалиште на гас во Црно Море вреди 80 милијарди долари

62

Претседателот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Фатих Бирол за Новинската Агенција Анадолија соопшти дека откривањето на резерви на природен гас во Црното Море од страна на Турција претставува крајно значајна пресвртница за турската економија и енергетскиот сектор.

Фатих Бирол истакна дека потенцијалната економска вредност на откриените 320 милијарди метри кубни природен гас од страна на Турција во Црното Море изнесува околу 80 милијарди долари.

“Полињата за нафта и природен гас на меѓународно ниво се делат на одредени категории. Полето за гас Сакарја (Туна-1) категорички се класифицира во категоријата на џиновски полиња. Ако направиме споредба, ова откритие е еднакво со целокупните лежишта на природен гас коишто ги откри Норвешка во Северното Море од 2010 година досега,“  вели Бирол.

Тој рече дека Турција со зголемување на производството на сопствениот природен гас ќе ја намали и својата зависност од надвор.

Фото: Pixabay