
Во Турција во 2023 година се регистрирани 128.528 компании, што е намалување за 8,3 отсто на годишно ниво, објави во петокот Сојузот на комори и берзи на Турција (ТОББ).
Бројот на компании вклучува 12.241 компанија со странски партнери, се вели во соопштението на конфедерацијата, пренесува Anadolu Agency.
Само во декември биле основани дури 12.519 фирми, а затворени 5.952. Бројот на нови компании со странски партнери беше 800 во месецот.
Вкупно во текот на годината се затворени 25.883 деловни субјекти што е зголемување за 11,7 отсто во однос на претходната година.











