Турција ги зголемува каматните стапки за 7,5 отсто

52

Турската централна банка во четвртокот објави дека ќе ги зголеми каматните стапки за 7,5 отсто на 25 отсто како дел од мерките за ограничување на инфлацијата.

Најновото зголемување на каматните стапки нагласува како новиот турски тим за економски менаџмент се обидува да ги врати „рационалните“ политики по годините неортодоксни мерки што ја поттикнаа галопирачката инфлација, пишува „Фајненшл тајмс“.

Гувернеркaтa на централната банка Хафизe Гаје Еркан, која беше назначена во јуни, ги зголеми каматните стапки од 8,5 отсто. Сепак, експертите предупредуваат дека темпото на зголемување на каматните стапки е премногу бавно со инфлација од 48 проценти во јули.

Турската лира поскапе околу два отсто во однос на американскиот долар по објавувањето на одлуката за зголемување на каматните стапки. Лирата годинава изгуби повеќе од 20 отсто од својата вредност.