Турција годинава заштеди 1,83 милијарди евра поради зголемениот увоз на руска нафта

27

Турција годинава заштедила околу 1,83 милијарди евра со зголемување на увозот на руска нафта и нафтени деривати по намалени цени, пишува Ројтерс, повикувајќи се на податоци од агенцијата LSEG и проценки на трговците.

Турција стана најголемиот увозник на руска енергија во западната хемисфера, откако европските земји го прекинаа најголемиот дел од увозот на нафта и гас од Русија поради инвазијата на Украина која започна во февруари 2022 година.

Кина и Индија увезоа повеќе нафта од Русија отколку Турција, но Анкара заштеди повеќе од нив благодарение на близината на Турција до руските пристаништа.