Турција ја зголеми минималната плата за 49 отсто, на околу 520 евра за 2024 година

91

Турција ја зголеми минималната месечна плата на 17.002 турски лири (околу 520 евра) за 2024 година, објави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Платата се зголемила за 49 отсто од 11.402 турски лири (349 евра), изјави Ердоган на социјалната мрежа Х, пренесува Anadolu Agency.

„Со новата сума, задоволни сме уште еднаш да го исполниме нашето ветување дека нема да ги оставиме нашите вработени на цедило поради инфлацијата“, рече турскиот министер за труд Ведат Исихан на прес-конференција во главниот град Анкара.