Тутунот ќе се откупува и за време на викендите

38

Од утре тутунот ќе се откупува и за време на викендите, секоја сабота и недела, најави заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Зоран Коњановски.
Оваа одлука им излегува во пресрет на производителите, а од страна на откупните претпријатија е веднаш прифатена. Со откупот преку викендите ќе се забрза динамиката и родот ќе биде преземен пред завршувањето на откупниот рок кој е на 15 март.
Досега се откупени повеќе од 16.000 тони тутун, додека просечната цена е 154 денари по килограм. Се очекува нејзино зголемување, бидејќи сега ќе се носат горните берби и поквалитетен тутун.
Коњановски информираше дека оваа година, Владата на Република Македонија ќе исплати 30 милиони евра субвенции за тутунот, односно по 60 денари за килограм.
Од Инспекторатот информираат дека досега на 10 компании им се изречени казни за непочитување на Законот за тутун. Вкупната висина на глобата која треба компаниите да ја платат изнесува 150.000 евра.
На терен секојдневно се 45 инспектори.