Тутунскиот гигант BAT: Канабисот е дел од иднината

48

Најголемата британска тутунска компанија, British American Tobacco (BAT) планира да воведе медицински канабис во производството и наведува дека тоа е “дел од иднината“.

ВАТ наведува дека сака да ја “забрза“ трансформацијата на компанијата со намалување на негативните влијанија на нејзините производи врз здравјето на луѓето, објави BBC.

Во март, BАТ купи акции во канадскиот производител на медицински канабис Organigram. Исто така, ќе ги истражи потенцијалните нови производи, кои се фокусираат првенствено на канабидиол (cannabidiol – CBD).

“Кога размислуваме за нашата работа, секако, покрај производите од никотин, заинтересирани сме и за нови работи“, изјави извршниот директор на ВАТ, Кингсли Витон.

Витон нагласи дека производите поврзани со канабис се дел од идниот раст на компанијата, која во моментов тестира CBD производи во Манчестер, Англија.

“Мислам дека CBD е дел од иднината, но моменталниот предизвик е да се намали штетноста на тутунот и алтернативите на никотинот, да се охрабрат луѓето да се префрлат на други производи“, рече Витон.

CBD е главната состојка во канабисот, кој сочинува 40% од неговиот екстракт, а некои истражувања покажаа дека може да има корисен ефект во лекувањето на одредени болести.

Фото: i.imgur.com/afn2l8g.jpg