Тужба за произведувачот на Budweiser дека го разводенува пивото

53

budweiserАмериканските потрошувачи ја тужат пиварата Anheuser-Busch, произведувачот на пивото Budweiser, затоа што го разводелнувала пијалокот со вода за да ја зголеми добивката. Тие бараат оштета која би можела да достигне и до десетици милиони долари, додека пиварата ги отфрла обвиненијата како неосновани.

Според адвокатите на потрошувачите, Anheuser-Busch кај неколку видови на пива, вклучувајќи го и Budweiser, навел поинаква содржина на алкохол од онаа што всушност ја содржи. Тужбата не се заснова на никакви тестови или испитувања, туку на изјави на поранешни вработени.

“Обвинувањата против Anheuser-Busch се комплетно без основа. Нашите пива содржат точно онолку алкохол колку што стои на етикетите. Строго ги почитуваме највисоките стандарди, што не направи најдобри продавачи во САД и светот”, изјави Питер Кремер, претставник на компанијата.

Anheuser-Busch, освен познатата марка Budweiser, ги произведува и пивата Bud, Stella Artois, Beck’s, Michelob…