Твитер ги моли корисниците да ставаат посилни лозинки

52

BK_HackedТвитер апелираше до своите корисници да избираат посилни лозинки за своите профили и тоа неколку дена откако беа хакирани корпоративните профили на Burger King и Jeep.

Нападите се случиле во понеделникот и вторникот. Контролата над нив е вратена, но хакерите успеале да објават твитови дека Burger King е продаден на McDonald’s. Во нападот на профилот на Jeep, логото на оваа компанија било заменето со лого на Cadillac со твит дека оваа дивизија на Chrysler му е продадена на Cadillac.

Корисниците треба да бидат внимателни и кога кликаат на линкови во директните пораки, како и да бидат претпазливи, лозинките да ги внесуваат во полето за лозинка само тогаш кога се сигурни дека се на сајтот twitter.com, а не на некој лажен сајт со дизајн кој потсетува на оригиналот.