Твитер падна на 10 отсто работна сила по доаѓањето на Маск: Едвај има 1.000 вработени

72

Работната сила на Твитер падна на најниско ниво во последните години откако продолжија отпуштањата во компанијата на чело со милијардерот Илон Маск. Моменталниот број на вработени со полно работно време во Твитер е околу 1.000, според две лица запознаени со ситуацијата кои побарале да останат анонимни, објави Business Insider.

Маск пред неколку недели изјави дека 1.500 вработени останале на Твитер, кој официјално го презеде пред шест месеци, иако не појасни дали во таа бројка се вклучени и непостојаните вработени.

Еден од изворите за „Инсајдер“ вели дека бројот на вработени на Твитер е „многу помал“ и е близу 1.000, особено кога ќе се земат предвид оние кои не се сметаат за вработени на неопределено време затоа што имаат таков договор, а се технички, вработени кај некоја „трета страна“.

Откако стана шеф на Твитер, Маск постојано го намалува бројот на вработени. Набргу откако ја презеде таа компанија имаше масовни отпуштања, а на почетокот на оваа година бројот на вработени беше околу 2.000.

Фактот дека оваа бројка сега падна на околу 1.000 значи дека бројот на вработени во Твитер е намален за речиси 90 отсто во однос на периодот пред Маск да биде сопственик на компанијата, бидејќи тогаш имало околу 7.500 вработени. Од оние кои останаа во компанијата, околу 500 работници се инженери.