
Социјалната мрежа Твитер дефинитивно се промени во ново име, па сега интернет адресата ќе биде само X, односно „X.com“.
Ова го потврди сопственикот на компанијата Илон Маск.
Имено, наместо „twitter.com“, сега официјално стои „x.com“. Да потсетиме дека Маск го најави ребрендирањето на платформата во јули минатата година. Иако логото и брендирањето беа сменети во „Х“, името на доменот остана „Twitter.com“ до утрово.
За потсетување, Маск го купи Твитер во 2022 година за 44 милијарди долари.
Покрај сопственоста на познатата социјална мрежа, Маск е сопственик и на програмата Space X (која се занимава со истражување на вселената), „The Boring Company“, „Neuralink Corporation“, „Zip2“, „OpenAI“, Tesla. „SolarCity“ и други.











