Твитер започнува со тестирање на опции за купување за време на пренос во живо

39

По својот прв сериозен пробив во е-трговијата минатото лето, Твитер почна да ја тестира опцијата за купување во живо. Новата функција им овозможува на корисниците да гледаат пренос и да купуваат во исто време.

Првиот шопинг пренос во живо ќе биде претставен на 28 ноември кога Walmart ќе биде домаќин на стриминг на Cyber Week со Џејсон Деруло. Пејачкот ќе потроши околу 30 минути зборувајќи за различни производи, вклучувајќи електроника и уредување на домот.

Твитер, исто така, започна со тестирање на „Shopping Manager“ за кој вели дека ќе придонесе за подобро шопинг искуство. Дополнително, компанијата ја проширува достапноста на „Shop Module“.

Алатката за прв пат беше објавена во јули и им овозможува на брендовите да додадат широк опсег на опции на нивниот профил што го истакнува изборот на производи.

Во текот на следните недели, компанијата ќе ја претстави оваа функција на голем број трговци на мало во САД.

Во споредба со другите платформи за социјално вмрежување, Твитер полека ја прифаќа функцијата за е-трговија. Фактот дека компанијата сега додава мноштво опции за купување сугерира дека е-трговијата ја гледа како дел од својата иднина.