Тројца креативци Горан, Бојан и Снежана Риста кои живеат и работат во САД, создадоа еден поинаков велосипед каде нозете не ја вршат целата работа, пишува Inhabitat. Twicycle се управува и со раце, со што се овозможува комплетен тренинг на целото тело додека возите.
Како што велат дизајнерите, Twicycle е креиран за оние што сакаат малку поголема авантура во нивното вежбање. Возачот може да одбере дали ќе вози само со нозете или ќе ги употреби и рацете за возењето да биде повозбудливо.
На велосипедот има и дополнително перниче каде возачот може да го потпре предниот дел од телото за возењето да биде комфорно. Twicycle овозможува целосен тренинг на нозете, рамената, бицепсите, грбот, стомачните мускули и мускулите на грбот.