Twitter: Архивирањето на твитови започнува

21

Она што беше најавено минатиот месец од страна на Twitter, до крајот на годината ќе се исполни. Имено, станува збор за можноста сите корисници да си ги преземат своите твитови. Дел од твитерџиите веќе почнаа тоа да го прават.

Оваа опција за прв пат беше забележана од корисникот @Psilosophy кој во еден свој твит сподели како можете да ги преземете своите твитови.

Сепак, во моментов опцијата на преземање на твитови е овозможена само за мал број корисници. Проверете, можеби сте вие меѓу нив.

Најпрво побарајте ја архивата, а откако ќе го направите тоа од Twitter ќе ве информираат кога истата ќе биде готова. Потоа ќе добиете мејл со линк преку кој можете да пристапите до вашата архива.

Следен чекор е преземање на zip архивата во која ќе добиете html датотека, каде што ќе ги најдете сите ваши твитови распоредени според времето на објавување. Архивата истотака вклучува и CSV и JSON датотека.

Оваа функција е се уште во тест фаза и некои корисници пријавиле дека им недостасуваат твитови во архивата. Од  Twitter велат дека се ќе биде средено пред опцијата да биде овозможена за сите корисници.