Twitter ја купи MoPub

43

tviterTwitter ја направи својата најголема аквизиција и ја купи компанијата MoPub која нуди маркетинг услуги. Се проценува дека Twitter за овој стартап платил околу 350 милиони долари, пишува Блумберг.

Со ова преземање, Twitter сака да ги зголеми своите приходи и до 2014 година да стигне до ниво од една милијарда долари. Со растот на приходите преку огласување, американската социјална мрежа сака да ја зголеми својата популарност затоа што на почетокот на следната година планира за прв пат да излезе на берза.

MoPub, стартап за размена на реклами преку мобилни уреди со седиште во Сан Франциско, има околу 100 вработени ширум светот.