Twitter ја презеде старт-ап компанијата Madbits

29

twitter

На интернет страницата на старт – ап компанијата Madbits се појави известување според кое нивниот тим се присоединува кон Twitter. Во изминатата година, оваа компанија од Њујорк, во сопственост на двајца студенти, изработија алгоритам со кој од фотографиите извлекуваат корисни податоци, па според нив се организираат и пребаруваат поголеми количини на слики.

Нивниот метод, со кој ги анализираат содржините на фотографиите, отсега ќе го користи Twitter, а двете компании се надеваат на успешна соработка во иднина.

Освен наведената технологија, екипата на Madbits разви и своја апликација за iOS, под името Momentia, а која служи за организирање на фотографии од мобилни телефони и нивно организирање во албуми и  колажи.