Twitter: Не прекршивме никакви обврски од договорот со Маск

61

Компанијата Twitter објави дека не прекршила никакви обврски од договорот за преземање со првиот човек на компанијата „Тesla“ и „SpaceX“ – Илон Маск, кој одлучи да се откаже од купувањето.

Маск во петокот објави дека се откажува од намерата да ја купи компанијата за 44 милијарди долари, тврдејќи дека Twitter не открил важни информации, како што се конкретниот број на лажни сметки (ботови), пренесе Ројтерс.

Раководството на Twitter претходно објави дека е решено да ја затвори трансакцијата по цена и услови договорени со Маск и дека планира да покрене судска постапка за спроведување на договорот за „спојување“.