Twitter новитет: NFT профилни фотографии

89

Twitter објави дека лансирал алатка која им овозможува на корисниците да постават NFT како фотографии на нивните профили.

На овој начин, компанијата навлегува во сферата на дигиталното колекционерство, кое еруптираше во текот на минатата година.

Услугата ги прикажува NFT профилните фотографии како шестоаголници, што ги прави различни од стандардните кругови достапни за другите корисници.

Со кликнување на фотографијата се прикажуваат детали за сликата и нејзиниот сопственик.

Како и другите ИТ компании, Twitter сака брзо да ги следи трендовите, вклучително и NFT.

Минатата година социјалната мрежа им овозможи на корисниците да примаат и испраќаат биткоини.