Twitter размислува за редизајн на профилите

13

twitterСоцијалната мрежа Twitter го тестира редизајнот на профилите, еден од неколкуте производи што планира да ги надгради за да им се доближи на корисниците. Профил страниците, на кои се наоѓаат постови, фотографии и следбениците на корисникот, може да се редизајнираат за да се потенцираат повеќе корисни содржини, вели извор за Блумберг кој сака да остане анонимен. Со редизајнот, популарните постови на корисникот ќе бидат поистакнати, додава изворот.

Twitter го засили темпото на развој и проценетата вредност на компанијата е двојно зголемена по излегувањето на берза минатиот месец. Twitter сака што повеќе да ги врзе своите корисници за мрежата, затоа што тоа носи приходи од реклами.

Бројот на активни корисници на оваа мрежа од 2010 година до денеска од 30 се зголемил на 232 милиони.