Twitter се извини за користење на податоци од профили за таргетиран маркетинг

54

Социјалната мрежа Twitter упати извинување до своите корисници за ненамерно искористување на нивните лични податоци како имејл адреси и телефонски броеви за таргетиран маркетинг.

Од компанијата велат дека трети лица – маркетари, можно е да дошле до податоци на одредени корисници на Twitter, дури и ако тие не се согласиле нивните информации да бидат употребени за таа цел.

Социјалната мрежа не може да потврди колку точно луѓе се опфатени со преземањето на податоци, но според наводите станува збор за голема бројка на глобално ниво, пишува BBC.

Од Twitter нагласуваат дека проблемот е воочен од 17-ти септември и дека повеќе нема да се користат телефонски броеви и мејлови за безбедносnи причини и рекламирање.

Компанијата има 139 милиони корисници што секојдневно ја користат платформата и притоа се цел на таргетирани рекламни кампањи.

Фото: Pixabay