U2 донира 10 милиони евра за борба против Ковид-19

56

Ирската рок групата U2 донира 10 милиони евра за поддршка на здравствените работници кои се борат со коронавирусот во Ирска, пишува Standard.co.uk.

Парите од донацијата ќе бидат искористени за набавка на потребната заштитна опрема.

Членовите на U2 години наназад се вклучени во различни социјални и политички проекти.

Инаку, U2 е бенд од Даблин, основан во 1976 година.

Фото: Facebook