Уапсени тројца водечки дизајнери на HTC

51

A new HTC Android-based smartphone Sensation is displayed during a news conference for the launch of the product in TaipeiТајванската полиција уапси тројца водечки луѓе во одделот за дизајн на компанијата за паметни телефони HTC, поради обид за крадење деловни тајни. Тројката наводно сакала да ја украде технологијата за нов интерфејс и врз основа на тоа да отворат нова дизајнерска компанија.

Томас Чиен, потпретседател на одделението за продукт дизајн, шефот на одделот за развој и истражување Ву Чиен – Хунг и високиот раководител на дизајн и иновации Џастин Хуанг се уапсени во петокот. Чиен и Чиен – Хунг се задржани во притвор, а Хуанг е пуштен со кауција. Обвинети се и за пријава на лажна комисиска провизија во износ од 334.200 долари.

HTC одби да го коментира случајот, само наведоа дека истрагата нема влијание врз нивното работење.

Акциите на HTC во понеделникот паднаа за дополнителни 6,4% и се на најниско ниво во последните осум години, пишува Ројтерс.

htc