Такси компанијата Uber оваа есен ја започнува изградбата на новиот комплекс во Сан Франциско, каде што ќе бидат сместени над 3.000 вработени, пишува Магазинот De zeen.
Новиот деловен простор се протега на површина од 40.000 метри квадратни во деловниот дел на Сан Франциско.
Зад проектот стојат архитектонските компании SHoP Architects и Studio O+A. Новото седиште на Uber го сочинуваат две згради од стакло и челик со транспарентен канцелариски простор. Со овој дизајн, Uber сака да ја покаже транспарентноста во своето работење.