Uber ќе мапира патишта

18

Uber

Американската компанија Uber ќе инвестира 500 милиони долари во проект за мапирање на сообраќајници, со што ќе се обиде да ја прекине зависноста од мапите на Google и да постави основи за систем на самовозечки автомобили, пишува The Financial Times, пренесува BBC.

Возила на Uber веќе почнале со снимање на патишта во САД и Мексико. Со овој проект од компанијата се надеваат дека ќе обезбедат корисни податоци за своите возачи.

Според Брајан Меклендон, експерт во областа дигитално мапирање, кого Uber го ангажираше минатата година, а претходно работеше на изработка на Google Maps и Google Earth, прецизните карти се срце на услугите и рбет на работењето на Uber. Меклендон вели дека постоечките мапи се добри за почеток, но на компанијата сега и се потребни детални информации за возачите и корисниците, како состојба во сообраќајот, локации на влезови или други места за преземање и оставање на клиенти итн.