Фото: Facebook
Uber работи на развивање на автономна технологија којашто ќе биде интегрирана во нивните велосипеди и скутери, пишува Tech Crunch.
Новиот оддел Micromobility Robotics што ќе работи на оваа проблематика ќе има за задача да создаде велосипеди и скутери коишто самите ќе се полнат, односно довезуваат до локациите каде што се нарачателите на превозот.
Минатиот месец Uber ја престави новата генерација на JUMP велосипеди, чиишто батерии се менуваат на лице место и со тоа возилото не мора да се носи до станица за полнење.
Автономните велосипеди и скутери ќе ја направат услугата на такси компанијата понезависна од луѓето кога станува збор за полнење на возилата.