Uber ќе соработува со America Movil на Карлос Слим

21

uber

Старт – ап компанијата Uber потпиша договор со America Movil, телекомуникациска компанија, чиј мнозински сопственик е мексиканскиот милијардер Карлос Слим. Овој договор ќе ја направи такси апликацијата на Uber достапна на сите паметни телефони што ја користат мрежата на America Movil, пишува Ројтерс.

Оваа недела Uber ќе биде претставен пред милионските корисниците на Android телефони што ги користат услугите на America Movil, вклучувајќи 10 милиони корисници во Мексико.

Клиентите, преку оваа соработка ќе добијат попуст од околу 11 долари на првото возење, а корисниците на услугите на Uber во Мексико ќе добијат попуст на телекомуникациските пакети што ги нуди America Movil.

Uber, на почетокот на оваа година, потпиша сличен ваков договор со американската компанија AT&T.

America Movil е компанија чиј контролен пакет е во рацете на вториот најбогат човеч на светот, Карлос Слим, со над 241 милиони претплатници во Латинска Америка и на Карибите.