Uber наскоро во Загреб и Белград?

24

uber

По Букурешт, Виена и Варшава, Uber наскоро ќе отвори подружници во Загреб, Белград и остатокот од регионот, пишува Нетокрација.

Своите планови Uber ексклузивно ќе ги открие на конференцијата OMGcommerce што на 4 мај ќе се одржи во Загреб, во организација на порталот Нетокрација.

Uber, кога ќе дојде во Загреб, Белград, Љубљана, ќе ја повтори стратегијата што се покажа успешна ширум светот. Иако мобилната апликација која ве наоѓа за момент и ве поврзува со такси возач од оваа компанија на прв поглед изгледа безопасна, Uber е толку ефикасен во својата намера разни такси и служби за превоз да ги замени со мрежа на свои возила, што се очекува до крајот на 2015 година да оствари преку 10 милијарди долари приход.

Оваа компанија функционира во 200 градови во 55 земји ширум светот и е најбрзорастечка компанија која потполно ја менува индустријата на превоз, пишува Нетокрација.