Uber со повеќе возила во кои таксистите молчат

52

Американската компанија Uber ја проширува својата такси услуга, односно вклучува повеќе автомобили за  превоз без разговори со цел да им обезбеди на патниците максимална приватност и време за себе.

Така доколку некој има потреба ќе може слободно во тишина да си проверува мејлови, да сработи некоја задача, па дури и да заспие за време на возењето. Возачот е должен само да го однесе клиентот на посакуваната дестинација.

Корисниците одбираат помеѓу неколку опции вклучени во услугата Comfort trip, како Uber Pool, UberX, Uber Black и UberXL. Новите возила ќе им обезбедат на патниците поголем комфор, идеална температура и опуштено и релаксирано возење, пишува CNN.

Uber во иднина планира да го замени и превозот со хеликоптери, со летечки автомобили со цел да го направи истиот побрз и побезбеден. Засега компанијата нуди превоз со хеликоптер во Њујорк, но не секој корисник може да го нарача. Дозволен е за оние со највисок статус (дијамантски и платиниумски) од програмата за награди. За да ги обезбеди летовите Uber соработува со фирмата за чартери со хеликоптери HeliFlite со седиште во Њу Џерси.

Фото: Facebook