„Убер“најавува ширење на бизнисот во Европа, се приклучуваат уште седум држави

„Убер“ планира да го прошири својот бизнис за достава на храна на уште седум европски пазари до крајот на годината, вклучувајќи ги Чешка, Грција и Романија, изјави портпаролот на компанијата во неделата.

Со проширувањето, „Убер“ ќе влезе и во Австрија, Данска, Финска и Норвешка.

Американската компанија очекува дека овој потег ќе генерира дополнителни бруто резервации во вредност од милијарда долари во следните три години.

„Забележуваме силна побарувачка од трговците и потрошувачите за платформата на Убер и сметаме дека е време да се подигнескалата, да се променат работите и да се создаде поголема вредност во целата таа категорија“, рече раководителката за глобална достава на Убер, Сузан Андерсон.

Минатата недела, Убер објави дека ќе ја преземе подружницата за достава на турската компанија Гетир од Мубадала, акционер со контролни пакети од Обединетите Арапски Емирати, со што ќе ја консолидира својата позиција на турскиот пазар.