Убиец на конкуренцијата: Електричен автомобил од 7.850 долари

1213

Кинеската марка Wuling има модел кој веројатно уште долго ќе биде еден од најевтините на пазарот.

Станува збор за поприфатлива верзија на нивниот популарен електричен модел Wuling Bingo, кој чини само 7.850 долари. Најскапото Бинго чини нешто помалку од 12.000.

Оваа најевтина варијанта има домет нешто поголем од 200 километри, а со димензии 3950mm x 1708mm x 1580mm, јасно е дека се работи за мало градско возило.

Не е поштедена и технологијата, што можеби ќе помислите кога ќе ја видите цената – има екран од 10,25 инчи, како и Bluetooth и автоматско паркирање.

Најевтината верзија има мотор од 30 kW и максимална брзина од 100 km/h. Овој мал автомобил е достапен во Кина и на неколку други пазари (на пр. Филипини), но сè уште нема информации дали ќе пристигне во Европа.