Ubisoft тврди дека нема опасност за корисниците по хакерскиот напад

11

Јужноамериканската хакерска група Lapsus$ ја презеде одговорноста за уште еден хакерски напад од висок профил.

Ubisoft во четвртокот објави дека била цел на инцидент во областа на сајбер безбедноста во текот на претходната недела, кој влијаел на некои од системите, услугите и игрите на компанијата.

Компанијата тогаш не идентификуваше кој е одговорен за инцидентот, но потоа Lapsus$ објави и ја презеде одговорноста. Хакерите истакнаа дека не таргетирале кориснички податоци за време на нападот.

„Нашите ИТ тимови работат со водечки надворешни експерти за да го истражат ова прашање. Можеме да потврдиме дека сите наши игри и услуги функционираат нормално и дека во моментов нема докази дека до личните податоци на играчите било пристапено или се откриени како резултат на овој инцидент“, рекоа од Ubisoft.

Претходно, хакерската група Lapsus$ ја презеде одговорноста за нападот на Samsung, од кој украде 190 GB податоци, како и на Nvidia, чиј изворен код за DLSS технологијата беше објавен на интернет.