Убоди од инсекти… кога треба итно да се оди на лекар?

947

osa-1-pixabay

Фото: Pixabay

Иако најголемиот број на инсекти кои живеат под нашето поднебје не содржат отров што може да биде фатален за човекот, постојат одредени ситуации  во кои убодите од комарци, оси, пчели, пајаци или стршлени можат да бидат навистина опасни.

Најопасно е секако доколку одеднаш бидете нападнати од рој на инсекти, како на пример пчели, Исто така не се за потценување и убодите во врат, во близина на очи и оние во устата.

Летно време се случува осите да нападнат кога најмалку очекувате, додека седите опуштено надвор и го пиете вашиот сок или јадете овошје.

Во овие ситуации убодот може да предизвика застој во дишните патишта и затоа треба итно да појдете на лекар. Дури и ако се работи за еден убод што навидум делува безопасно, треба да бидете внимателни зошто можно е веќе да сте развиле алергија на отровите.

Доколку после убодот се појави голем оток, црвени дамки по телото, црвени црти од местото на убодот кон срцето, отежнато дишење или оток во пределот на лицето, итно јавете се на лекар.

Во сите останати ситуации можете да си помогнете сами на себе. Најпрво не смеете да се чешате на местото на убодот. Осилото извадете го исклучиво со тапиот дел од ножот така што ќе вршите притисок од страна.

Местото на убод од пчела или оса измијте го со сапун за да не се создаде црвенило и оток, изладете го со облога или под млаз ладна вода.