Училиште во Индија наплаќа школарина со пластични шишиња

32

Фото: Facebook

Ученици од училиште во Индија, наместо само книги, во своите училишни чанти носат и пластични шишиња.

Индија има голем проблем со пластичниот отпад, а податоците покажуваат дека нејзините жители секој ден произведуваат околу 26.000 тони ѓубре. Од таа причина, во североисточната држава Асам, жителите одлучија ѓубрето да го искористат за греење во текот на острите зими во подножјето на Хималаите.

Основачите на училиштето Акшар дојдоа до идеја, родителите на децата да плаќаат школарина со пластичен отпад, пишува World Economic Forum. Секое дете има задача да донесе најмалку 25 парчиња пластичен отпад и така да ја исплатат својата школарина.

Во училиштето има повеќе од 100 ученици, кои наместо да ги напуштат школските клупи за да работат во локални каменоломи 2,5 долари дневно, добиваат задача да ги подучуваат своите помлади соученици. Како напредуваат во учењето, така и нивната плата се зголемува.