Училиште во Лондон ќе генерира енергија од реката Темза

58

skoloФото: Curl la Tourelle Head Architecture

Лондонското архитектонско студио Curl la Tourelle Head Architecture претстави зелен проект за училиште во Лондон коешто би генерирало електрична енергија користејќи ја плимата на реката Темза. Турбините коишто ќе бидат поставени во реката ќе генерираат доволно енергија за училиште на пет ката, пишува Dezeen.

“Промената на нивото на водата предизвикано од плимата и осеката претставува неискористен извор на енергија. Време е да ги искористиме за нешто добро“, вели директорот на компанијата, Вејн Хед.

Архитектите го гледаат овој проект како можност да се создаде модел за одржлива архитектура во срцето на градот.

На локацијата каде што треба да се изгради училиштето има депонија, но кога ќе се изгради ќе стане најзелениот јавен објект во Лондон којшто ќе користи обновливи извори на енергија.