Уделот на националните валути во трговската размена на Русија со земјите од БРИКС достигна 85 отсто

Уделот на земјите членки на организацијата БРИКС во трговскиот биланс на Русија е двојно зголемен за две години и изнесува 40 отсто, а учеството на националните валути во меѓусебната трговија достигна 85 отсто, изјави гувернерот на Централната банка на Русија ( Б.Р.) Елвира Набиулина во интервју за РИА Новости.

Таа изјави дека уделот на националните валути во руската трговија со членките на БРИКС пред две години бил 26 отсто.

Набиулина додаде дека Русија разговара за интеракцијата на националните системи за финансиски трансакции со другите земји од БРИКС.

Според неа, многу земји размислуваат за алтернативи на платниот систем SWIFT.

„Економиите на земјите од БРИКС се развиваат доста брзо. Со влезот на нови членки, уделот на БРИКС во глобалната економија се зголеми на 35 отсто од 31 отсто врз основа на резултатите за 2023 година по паритет на куповната моќ, што е повисоко од уделот на земјите од Г7“, истакна Набиулина.