Угостителските услуги со благ раст од 0,1% во септември, храната го движи поскапувањето

Цените на угостителските услуги во септември 2026 година забележаа минимален месечен раст од 0,1% во споредба со претходниот месец (август 2026), покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Според објавениот индекс, цените во овој сектор на годишно ниво се зголемени за 3,8% во споредба со септември 2025 година, додека за периодот јануари – септември 2026 година изнесува 3,1% во однос на истиот период од минатата година.

Цените во угостителството, по групи, во септември 2026 година во однос на август 2026 година се зголемени кај групата Храна за 0.1 %, додека кај групите Алкохолни пијалаци, Безалкохолни пајалаци и Ноќевања не се забележани промени.