Угостителство:Цените стагнираат во септември, но годишниот раст изнесува 4,7%

Цените на угостителските услуги во септември 2025 година не бележат промени во однос на претходниот месец, објави Државниот завод за статистика.

Цените на угостителските услуги во септември 2025 година во однос на истиот месец од претходната година се зголемени за 4.7 %.

Цените на угостителските услуги во периодот јануари – септември 2025 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 5.2 %, додека во однос на декември 2024 година зголемувањето е 1.9 %.

Цените во угостителството, по групи во септември 2025 година, во однос на август 2025 година, се зголемени кај групата Безалкохолни пијалаци за 0.1 %, додека кај групите Храна, Алкохолни  пијалаци и Ноќевања не се забележани промени.