
Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека цените на угостителските услуги во април 2026 година се зголемени за 0.6 % во однос на претходниот месец
Цените на угостителските услуги во април 2026 година во однос на истиот месец од претходната година се зголемени за 2.8 %.
Цените на угостителските услуги во периодот јануари – април 2026 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 3.0 %, додека во однос на декември 2025 година зголемувањето е 0.6 %.
Цените во угостителството во април 2026 година, во однос на март 2026 година, во следниве групи се зголемени за:
- 0.8 % кај Храна
- 0.2 % кај Алколхолни пијалаци
- 0.1 % кај Безалкохолни пијалаци
Во групата Ноќевања не е забележана промена на цените.











