УЈП го продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 до 30-ти април

41

Согласно препораките на Владата за преземање мерки и активности за превенција од ширење на болеста Ковид-19 (корона вирус), Управата за јавни приходи (УЈП) во координација со Министерството за финансии подготви и достави до Владата на предлог Уредби со кои се предвидува продолжување на роковите за поднесување на обрасци и плаќање на даночни обврски.

Согласно ова, крајниот рок за поднесување на ДДВ-пријавата за даночниот период 01.01.2020-31.03.2020 и даночниот период 01.03.2020-31.03.2020 од 25.04.2020 се продолжува за пет дена, односно краен рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 30.04.2020 година.

Фото: Pixabay