УЈП: И викендов можност да се проверат годишните даночни пријави

31

Фото: Pixabay

Управата за јавни приходи (УЈП) им овозможува на граѓаните да ја потврдат/коригираат Претпополнетата Годишна даночна пријава во текот на викендот (на 01 и 02.06.2019 година).

Ова е од причина што крајниот рок за добивање на статус на конечни даночни пријави е во неработен ден, согласно на што на 03.06.2019 (понеделник), Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави според последниот статус на Годишната даночна пријава – потврдена или коригирана.
Пријавите коишто од страна на граѓаните не се ниту потврдени или коригирани ќе бидат службено потврдени.