УЈП исплати 881 милион денари, но многумина останаа без денар – еве зошто

Управата за јавни приходи информира дека за вториот квартал од 2025 година, преку апликацијата „МојДДВ“, се исплатени вкупно 881.020.500 денари, односно 14.324.725 евра на 502.983 корисници кои скенирале фискални сметки во периодот април – јуни 2025 година.

Од УЈП истакнуваат дека исплатата се реализира само доколку податоците на корисникот се точни и ажурирани, и најавуваат дека во наредниот период средства ќе бидат исплатени и за оние граѓани кај кои исплатата била одложена поради:

  • промена на податоци за трансакциска сметка,

  • неточни или неажурирани информации во системот.

Апел до корисниците:
УЈП ги повикува сите корисници на апликацијата „МојДДВ“ да направат проверка на своите податоци, особено:

  • дали трансакциската сметка е правилно внесена и активна,

  • дали сите лични информации се точни и ажурирани.

Со точни податоци, велат од Управата, исплатите се реализираат побрзо и без прекини.