УЈП ја објави Листата на должници – “тежи“ над 11 милијарди денари

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.12/2024 за долгови доспеани до 31.08.2024 и неплатени до 30.11.2024 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
повисок од 300.000 денари за правните лица.

На Листата на должници бр.12/2024 објавени се 1970 должници – правни лица (помалку за 14 од претходната листа) и 3846 физички лица (повеќе за 16 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.12/2024 изнесува 11.201.874.701 денари, (повеќе за 97.399.006 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 11.065.081.416 денари, (повеќе за 118.715.599 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 136.793.285 денари (помалку за 21,316,593 од претходната листа).

Целата листа е достапна на следниов линк